Во изминатата недела се регистрирани 1.530 повици за медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ (02/15 123), а од почетокот на отворањето на линијата 89.114, информира денеска Здравствен дом Скопје.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето. За медицински совет се достапни 25 доктори. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија. Јавувањата се за најразлична симптоматологија, најчесто за покачен крвен притисок, главоболки, настинки, алергиски реакции, симптомна болка, покачена телесна температура и совети поврзани со хронични болести.
– На сите лица кои побараа медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија, се вели во соопштението од Здравствен дом Скопје.