Судири меѓу демонстранти и австриската полиција на границата со Италија

Од:

Австриската полиција употреби солзавец и палки врз демонстранти, кои протестираа денеска против затегањето на контрола на границата меѓу Австрија и Италија, јави ДПА.

Австрија распореди околу 300 полицајци на планинскиот премин Бренер меѓу двете земји, каде што околу 250 демонстранти, повеќето Италијанци, протестираа против плановите на Виена да изгради контролни пунктови и огради.

Австрија го предупреди Рим, дека ќе започне построги гранични проверки, ако миграциската маршрута се премести кон Италија и италијанските власти не успеат да го запрат потокот кон Австрија.

При вакви демонстрации на Бренер во почетокот на април од солзавец настрадаа 15 демонстранти и 15 полицајци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви