СДСМ: Донатор на ВМРО-ДПМНЕ не може да биде на чело на Антикорупциска комисија

Од:

„Веќе е јасно дека Македонија се наоѓа во криза само за Никола Груевски да не оди во затвор.

Да не беше срамната одлука за аболиција на Ѓорге Иванов правдата ќе почнеше да го стасува Никола Груевски.

Назначувањето на Игор Тантуровски за нов претседател на Антикорупциската комисија е уште една потврда дека нема вистинска борба против корупцијата и криминалот туку обиди да се покријат криминалите на власта.

Тантуровски самиот потврди дека во 2012 година донирал 60.000 денари за ВМРО-ДПМНЕ, со што не го исполнува највисокиот услов да биде партиски независен.

Со тоа уште еднаш на дело се гледа дека не постои одвојување на партијата од државата, што е еден од клучните услови за кредибилни избори.

Наместо да бидат избрани квалитетни и стручни луѓе коишто професионално ќе  ја извршуваат работата  и навистина ќе се борат со корупцијата, ВМРО ДПМНЕ назначува свои полтрони преку кои ја уништи институцијата која требаше да биде симбол на искоренување на корупцијата.

Едно треба да биде јасно – правдата ќе ги стигне сите

Доаѓаат демократски промени предводени од СДСМ.

Демократијата, слободата и правдата ќе победат.

Институциите ќе бидат слободни и професионални, одделени од партиските интереси.

Секој што го прекршил законот ќе одговара“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација