Кошаркарите на Локомотив Кубан се изборија за мајсторка во четвртфиналето на Евролигата откако синоќа по продолжение ја совладаа Барселона со 92:80. Во регуларниот дел беше 76:76. Со овој триумф тие изедначија на 2-2 во победи и решавачкиот натпревар за пласман во полуфиналето ќе го играат на 26.април (вторник) на домашен терен.
Локомотив Кубан се наоѓаше пред победа и по 40 минути, но Хуан Карлос Наваро постигна кош за изедначување на 2.9 секунди пред крајот. Во продолжението гостите од Русија беа подобар тим. Најефикасен на натпреварот беше Ентони Рендолф со 28 поени.
Победникот од решавачкиот дуел во полуфиналето во Берлин на „фајнл фор“ турнирот ќе игра против ЦСКА Москва, додека во другото полуфинале ќе играат Фенербахче и Лаборал.