Изложба на Ташоски во КИЦ Софија

Од:

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечерва ќе биде отворена изложба на Вељо Ташовски.

Изложбата е во организација на Националната галерија на Македонија, а ќе биде претставено творештвото на Ташовски преку избор на дваесетина слики во комбинирана техника, масло на платно и свила.

Изложбата ќе ја отворат директорот на КИЦ Софија, Васко Шутаров, кураторот на проектот Маја Неделкоска Брзанова, која работи како кустос во Националната галерија на Македонија и Конча Пиркоска, ликовен критичар.

Изложбата ќе биде поставена до 8 мај 2016 година.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“