Кошаркарите на Барселона вечерва пред својата публика ќе ја има првата меч топка во дуелот со руската екипа Локомотив Кубан во плејофот, односно четвртфиналето на Евролигата.
Откако го загуби првиот меч на гостувањето во Кубан, па направи „брејк’’ во вториот, однодсно убедливо го доби третиот пред своите симпатизери, Барселона дојде до предност од 2-1 во победи, во серијата подобар од пет.
Доколку Барселона го добие вечерашниот меч, каталонската екипа ќе ја заокружи четворката која ќе игра на завршниот Фајнал-фор турнир во Берлин на 13 и 15 мај. А, таму пак во полуфиналето московска ЦСКА го очекува исходот, противникот, од подобриот од дуелот Барселона – Локомотив, додека во првиот полуфинален меч ќе играат Фанербахче и Лаборал.
Во спротивно, триумф на руската екипа би значело продолжување на серијата, односно нов решавачки петти меч кој би се играл во Кубан на 26 април.