Во петок ќе биде донесена пресудата за случајот „Пливалиште“

Од:

Во Основниот суд во Струга денеска беа искажани  завршните зборови од повторениот судски процес за случајот „Пливалиште“, во кој за трагичната смрт на тројца стружани се обвинети Цвете Вранишкоски, Климе Миладиноски и Гоце Јанески.

Обвинителството побара тројцата обвинети да бидат прогласени за виновни, но одбраната смета оти судскиот процес „Пливалиште“ треба да биде затворен како несреќен случај.

На почетокот на денешниот распит,  одбраната на обвинетите изнесе забелешки кои се однесуваат на неможноста да се добијат веродостојни факти, пред се поради отстранувањето на целокупната конструкција на шанкот каде што се случи трагичниот настан.

– Сметам дека и во оваа повторена постапка, посебно делот на доказната постапка и распитот на повторените прашања до вештакот не видовме никаде матерјален доказ. Не видовме ниту  броило, ниту фенер, ниту електрична инсталација, што значи дека уште во првиот момент на критичниот настан не се обезбедени такви докази со кои ќе се утврди објективно што се случило во однос на немилиот настан каде имаме жртви. Сметаме дека се работи за несреќен случај, изјави адвокатот Ставре Џиков, застапник на првообвинетиот Цвете Вранишкоски.

За разлика од првиот обвинителен акт, со кој обвинетите требаа да одговараат за соизвршителство и вина од свесна небрежност, во повторениот судски процес што започна пред околу девет месеци,  обвинителството го смени обвинителниот акт и според него, тројцата обвинети треба секој за себе да одговара за сторено кривично дело од несвесна небрежност.

Трагичниот настан на отворениот шанк во комплексот „Пливалиште“ во Струга се случи на 11-ти септември 2010 година, кога поради необезбеден кабел настрадаа стружаните Јосиф Докоски, Киро Ѓоргоноски и Јонче Кувенџиески.

Пресудата ќе биде донесена на 15- ти овој месец во Основниот суд во Струга.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“