ВМРО-ДПМНЕ: Стечајците се плод на промашената инвестиција на Црвенковски и СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ е првата политичка партија која седна да ги решава проблемите на стечајните работници, се наведува во реакцијата на владејачката партија на изјавата на Марјанчо Николов од СДСМ.

– Со Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година во позитивна насока беа решени судбините на околу 2.500 лица. Ова е прв ваков закон донесен во Македонија со кој им се помага на оваа категорија граѓани, се вели во соопштението.

Владата, се посочува, предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку Агенцијата за вработување донесе низа мерки за стимулирање на вработување на лица од оваа возрасна и социјална категорија на граѓани. Се спроведе проект за субвенционирање на вработување на постари лица од 55-62 години, со месечна финансиска поддршка во износ од 15.000 денари за период од шест месеци со обврска на работодавачот да ги задржи на работа најмалку уште 12 месеци. Се посочува и на проектот за вработувањето на лица кои ќе бидат ангажирани за вршење јавни работи во Општините. Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека последниве 20 години, кога СДСМ е на власт ги создава проблемите, а кога е во опозиција лицемерно се нуди да ги решава.

– СДСМ и Бранко Црвенковски ги создадоа стечајците во Република Македонија. Тие се плод на нивната промашена приватизација, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Лефков ги демантира пишувањата на медиуми во Бугарија дека повеќе членови од неговото семејство поседуваат бугарски пасоши

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Талески: Одбиени сите амандмани на СДСМ, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ заложници на Тошковски за партиска милиција

(ВИДЕО) Димитриевски: ВМРО-ДПМНЕ ги излажа земјоделците, намалени субвенциите за прв пат во историјата

Стојановска: Битиќи и СДС молчат и не се извинуваат

ВМРО-ДПМНЕ да каже дали преговараат за потпишување меморандум со компанија која е фатена во корупција и поткуп, велат од СДСМ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ удри по земјоделците, над 30 милиони евра помалку пари за земјоделието