Договорот меѓу ЕУ и Турција „покренува повеќе сериозни прашања поврзани со човековите права“, смета Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ).
Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, Собранието изразува и сомнежи за тоа дали Турција ги исполнува сопствените строги законски тестови на ЕУ за враќање на барателите на азил, со кои грчкиот систем за азил неможе да се справи и дека поддршката на ЕУ за овие земји не е доволна,
Еден ден по обраќањата на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и премиерот на Турција Ахмет Давотоглу и на денот на говорот на претседателот на Австрија Хајнц Фишер, ПССЕ во кое заседаваат парламентарци од 47-те земји членки на Советот на Европа, усвои серија специфични препораки за ЕУ, Турција и Грција за да се обезбеди дека договорот нема да ги крши европските и меѓународните правни стандарди и правата на бегалците на мигрантите.
Меѓу препораките е и повикот да се запре со враќањето на барателите на азил во Турција се додека не бидат јасно задоволни законските барања.
– Договорот во најдобар или најлош случај ги надминува границите на она што е дозволено со европското и меѓународното право, рече известувачката Тинеке Стрик, холандска пратеничка од групата на социјалистите.
– Дури и на хартија, тој покренува многу сериозни прашања за компатибилност со основните норми за бегалците и мигрантите права. Тој досега ги даде сите индикации дека ќе биде уште попроблематично во праксата. смета Стрик.
Истовремено беше усвоена и посебна резолуција врз основа на извештајот од страна на Германката Анет Грот од Обединета европска левица, во која ПССЕ повика на меѓународна заштита за сириските бегалци, било преку прилагодена помош за соседните земји или по „хуманитарен пат“, како што се преселувањата и обединувањата на семејствата, кои би можеле да дозволат безбедно влегување на значителен број на сириските бегалци.