Руската примабалерина Ирина Колесникова, денеска го посети Транзитниот центар Табановце каде што оставри средби со бегалците и мигрантите.
Таа нагласи дека не е политичар, но како балерина може да го пренесе проблемот на овие луѓе на глобално ниво, она што го видела во центарот, она што го почуствувала преку средбите со бегалците да го пренесе на сцената.
– Многу е различно од она што го гледам на телевизија, друго е кога комуницираш со луѓето. Тие бараат помош, а ти чуствуваш дека не можеш да им помогнеш. Разбираш дека тоа не е кино, туку вистински живот, тогаш сфаќаш дека нешто мора да сториш со ова, рече Колесникова.
Балерината позната на глобално ниво ќе подготви претстава „Кармен“ која ќе биде прикажана во Лондон и на овој начин преку уметноста ќе ја анимира светската јавност и ќе прикаже како преку уметност може да се пружи одговор на бегаласката криза. Оваа престава на балетскиот театар од Санкт Петербург ќе укаже на проблемот со бегалците во Европа.
Таа порача дека декој човек мора да преземе нешто и се заблагодари на меѓунардоната организација Оксфам со чија помош ги посети бегалците во Табановце ,но и сместените во тразнитниот центар во Прешево, Србија.
Инаку, балетската претстава „Се викаше Кармен“ ќе се игра од 25 до 28 август во лондонскиот Колосеум, по што ќе тргне на светска турнеја. Дел од средствата од продажбата на влезниците, најави таа, ќе бидат наменети за бегалците.
Според податоците на Регионалниот центар за управување со кризи во Транзитниот центар Табановце сместени се 743 лица.