Демократски сојуз: Народ или Корумпирани политичари

Од:

„Демократскиот сојуз го повикува Ѓорге Иванов, да избере помеѓу сенародниот бунт за правда (народот) и корумпираните политичари.

Во овие исклучително сложени политички состојби, кога незадоволството на граѓаните се шири како вирус и зазема пандемски размери, Ѓорге Иванов, има историска шанса да ја смири состојбата со акт за повлекување на аболицијата и создаде можности за судска разрешница за тие што ги злоупотребија системите за прислушување, ги прекршија изборните правила или учествуваа во грабежот на имотот на граѓаните.

Доколку пак и натаму ги штитете корумпираните политичари, тогаш бидете подготвени да ја преземете одговорноста врз себе за криминалот на сите што ги помилувавте, како и на можните последици од натамошно усложнување на состојбите.

Сигурни сме дека Ви е јасно дека нема услови за избори и тие нема да се одржат, уште помалку дека со избори може да се “покрие” криминалот и лошите одлуки.

ДС оценува дека протестите ќе бидат се помасовни и тие нема да престанат се додека не се одложат изборите и не се исполнат барањата на граѓаните (избор на експертска Влада, формирање на специјализиран судски одел, деблокада на СЈО, оставка на Ѓорге Иванов и др.)“, соопштуваат од ДС.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски