Претседателот на Чешка Милош Земан изјави дека е против независноста на Косово и дека протестирал затоа што поранешниот чешки министер за надворешни работи Карел Шварценберг ја принудил тогашната Влада да ја признае косовската независност.
– Јас секогаш сум бил против независноста на Косово, изјави Земан.
Тој додаде дека како претседател во рамки на своите овластувања, протестира со тоа што одбива да именува амбасадор во Приштина и одбива да се сретне со нејзиниот дипломатски претставник во Прага, јави дописникот на МИА.