Кривична против полицаец од Виница за несовесно работење

Од:

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против В.Ѓ. (48), полицаец во Полициската станица Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

В.Ѓ. при констатиран прекршок на товарно возило управувано од возачот С.М., изготвил записник и барање за поведување прекршочна постапка во која внел невистинити податоци. На местото – сопственик на возилото не го внел ДТ „Негрита“ ДООЕЛ Берово и одговорното лице на тоа правно лице, туку правното лице ДООЕЛ „Малеш Транс“ Берово и лицето Д.К. во својство на одговорно лице. На овој начин  ги ослободил правното лице „Нергита“ ДООЕЛ и одговорното лице од прекршочна одговорност, нанесувајќи му штета на „Малеш Транс“ од Берово во висина на глобата што ја изрекол.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он