Велика Британија не исклучува ограничена интервенција во Сирија

Од:

Велика Британија не исклучува варијанта со ограничена интервенција во Сирија изјави синоќа за Би-Би-Си началникот на ГШ на британските вооружени сили генерал Дејвид Ричардс.

– Тоа е варијанта која ние би требало да ја имаме предвид, нагласи генералот.

Тој истакна дека хуманитарната ситуација во Сирија се влошува непрекинато и „тоа може да биде причина за ограничена интервенција“.

Ричардс смета дека мали воени групи може да бидат испратени во Сирија оваа зима.

– Непрекинато работиме врз можни решенија за тој проблем, истакна генералот.

Генерал Ричардс нагласи дека меѓународната заедница и политичките лидери треба да донесат решение какви да бидат следните акции пред воените сили да преземат ангажман. Тој додаде дека фокусот на вниманието треба да биде насочен врз ограничување на кризата за да не се дозволи таа да се прошири во други држави од регионот.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка