Скопското дерби одиграно во рамките на 26.коло од Првата кошаркарска лига на Македонија меѓу Работнички и Карпош Соколи му припадна на гостинскиот тим.
Триумф за гостите и на втората досега завршена средба од овој круг, Струмица убедливо го совлада Бест.
Резултати:
Работнички – Карпош Соколи 80:98 и
Бест – Струмица 58:89.
Вечерва играат МЗТ Скопје Аеродорм – Фени Индустри и Куманово – Кожув.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 23-2 (победи-порази), Карпош Соколи 19-7, Фени Индустри 17-8, Куманово 17-8, Кожув 11-14, Работнички 10-16, Струмица 5-21, Бест 0-26.