Екипата на Лаборал Куча оствари победа над Панатинаикос на вториот нивни меѓусебен дуел во четвртфиналето од плеј-офот од кошаркарската Евролига.
Шпанскиот претставник до победата дојде по петминутно продолжение со 82:78, откако по 40 минути резултатот беше нерешен 73:73.
Дариус Адамс од Лаборал со 24 поени беше најефикасен играч на натпреварот.
На вториот вчерашен дуел Барселона во Кубан беше подобра од Локомотив со 92:66 и изедначи на 1-1 во серијата прв до три победи.
Другите две четвртфинални двојки ги сочинуваат:
ЦСКА Москва – Црвена звезда (2-0 во победи) и
Фенербахче – Реал Мадрид (2-0).