Аболицираниот директор на Идризово уште го држи заклучен неаболицираниот Љубе Бошкоски

Од:

Аболицираниот директор на Идризово, Живко Пејковски никако да потпише за излегувањето на Љубе Бошкоски од затвор. Веќе е јасно дека наредбата е да се држи до крај на казната, односно до 5 јуни, кога владеачката партија планира да спроведе избори без цела опозиција.

Живко Пејковски беше аболициран од страна на Ѓорге Иванов, но не и Љубе Бошкоски. Иванов ги аболицира и осомничените за тортура врз Љубе Бошкоски, а на прашање зошто тоа не го направи и за екс министерот, Ѓорге Иванов спомна некава процедура од комисии и барање, нешто што не беше исполнето за масовната аболиција на владините функционери. Тоа е правдата каква што ја подразбира Ѓорге Иванов.

Бошкоски можеше да излезе уште на почетокот на март, но аболицираниот Пејковски се правдаше со процесот “Ровер“. Откако од судот му одговорија дека процесот не е пречка Љубе Бошкоски да биде пуштен од затворот, Пејковски го нападна судот, но остана и без аргументи и на ставот дека тој нема да потпише за излегување на Бошкоски.

На екс министерот му е ускратено законското правото да излезе три месеци порано поради тоа што аболицираниот директор не сака да потпише, иако паралелно тоа го прави за други затвореници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Вработени во МВР кои прибирале докази за Бошкоски, не знаат кој дал наредба за неговото апсење

Ана Ололовска

Правобранителот не постапил за апсењето на Бошкоски поради судската одлука дека не била употребена прекумерна сила

Ана Ололовска

Чавков: Не се сеќавам дали знаев за апсењето на Љубе

Ана Ололовска

Љубе беше депресивен и разочаран, сведочеше затворскиот психијатар

Ана Ололовска

Стојков за апсењето на Љубе: Не се сеќавам што сум кажал во СЈО, сведочев од 1 до 8

Ана Ололовска