Работнички ќе бара намалување на странците во домашното првенство

Од:

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив КК Работнички преку соопштение најави дека на претстојното Собрание на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) ќе излезе со предлог бројот на странските кошаркари во Прата македонска лига од шест да се намали на три.

Овој став на КК Работнички доаѓа по најавата за промени на статутот и регистрацискиот правилник на МКФ со кои се предвидува одземање ингеренции од клубовите, со што клубот не се согласува, а од друга страна „центарци„ излегуваат со свој конкретен предлог, како да им се даде шанса на младите македонски играчи.

Во продолжение во целост го пренесуваме соопштение упатено на МКД и јавноста на КК Работнички.

КК Работнички АД Скопје ги разгледа и детално ги анализираше предлог промените во Статутот и Регистрациониот правилник, по што не се согласува со предложените измени.

Ова од причина што истите го одземаат и она мало влијание на Здружението на прволигаши во однос на текот и организацијата на натпреварувањата, но исто така не се согласуваме со сегашната состојба во која право на настап во домашната лига имаат дури шест странски играчи во секој тим. За таа цел КК „Работнички“ предлага надлежностите и форматот на Здружението на прволигаши да остане во досегашните рамки и бројот на регистрирани странски играчи да се намали на максимални три во секој тим се со цел домашните играчи да добијат поголем можност за докажување во првата македонска лига за мажи.

Предлозите на КК „Работнички“ се конструктивни и се за доброто на македонската кошарка и за овие предлози бараме подршка од сите кошаркарски клубови како и од Здружението на кошаркари на Македонија, се вели во соопштението’.

Дали овој предлог на Работнички ќе го прифатат и останатите клубови, пред се од тие со прволигашки статус, останува да се види на Собранието на МКФ кое е закажано за 23 април.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос