Месинџерот на Фејсбук доби можност која веќе некое време е најавувана и од која многумина се плашеа – чатботови и реклами.
Ботовите се автоматизирани програми кои ќе ги користат фирмите за да комуницираат со своите корисници преку Месинџер апликацијата. Корисниците преку ботови ќе можат да порачуваат производи, да поставуваат прашања на фирмите, а тие со нивна помош ќе можат да праќаат рекламни пораки и промоции, пишува „Дејли Телеграф“.
На пример, со ботовите ќе може да се порачува храна од ресторан, да се резервира авионска карта или да се добијат вести од светот, а за возврат тие фирми во секое време ќе можат да праќаат реклами и промоции до корисниците.
Сите ботово ќе бидат целосно автоматизирани и со нив управува компјутер, без човечки фактор.
Тоа е целосно ново подрачје за огласување на компаниите, но многумина не се задоволни што ќе добиваат реклами без можност за избор.