Светот го потресе скандалозниот чин на македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Тој одлучи да им даде амнестија на сите политичари кои се осомничени за вмешаност во скандалот со прислушувањето и против нив се води кривична постапка. Македонската опозиција минатата година ги објави прислушуваните разговори, кои се произведени од страна на прислушување на соработници на премиерот Никола Груевски и кои покажаа широка владина контрола врз новинарите, судиите и државните службеници.
Прислушувани се повеќе од 20.000 луѓе. Разговорите покажаа голем број на изборни манипулации, мачење на политичките противници и незаконско уништување на опрема за полициски надзор. Несовесниот и неодговорен потег од страна на претседателот Ѓорге Иванов, силно ја интензивира веќе длабоката политичка криза во земјата. Како ретко кога, сепак, со одлуката на Иванов не се согласуваат и владината коалиција и опозициските пратеници. Народот, мислењето за однесувањето на претседателот го изрази јасно и гласно со организирање на бројни протести.
Ние од Форумот на млади на СД, длабоко жалиме за одлуката на македонскиот претседател. Дури и повеќе непристојна е неговата изјава дека сака со оваа одлука да ги заштити националните интереси. Ова промовира коруптивност, не почитување на владеење на правото, се поткопува интегритетот на судската власт. Протестите на луѓето се јасен одговор на претседалот. Нивниот одговор е НЕ. Тие сакаат една поинаква, демократска Македонија.
Форумот на млади на СД, го осудува однесувањето на владината коалиција, и ние веруваме дека сите за своите постапки ќе одговараат на суд. Во месец Јуни ќе се одржат предвремени избори во Македонија. Во светло на последните настани, се покренуваат многу оправдани сомневања за легитимноста на изборите. Промени во земјата секако се потребни, но посакуваните промени на подобро вакви избори нема да донесат. Неопходни се итни демократски реформи, зајакнување на демократските институции и враќање на довербата во областа на владеењето на правото.
Словенија е близок сојузник на Македонија и го поддржува нејзиниот пат кон евро-атлантските структури. Сепак, може од оправдани причини да се прашаме дали земјата која не ги почитува фундаменталните вредности, како што се демократијата и правото и каде моќници ја држат целата земја како заложник, навистина го заслужува своето место во Европската Унија и НАТО?!