Прага бара земјата официјално да биде ословувана како Чешка

Од:

Чешките власти повеќе не сакаат официјалното име на земјата, која многу држави ја нарекуваат Чешка Република, да биде несоодветно кратено и изобличувано и ќе побараат од ОН да биде регистрирана поедоставена форма на нејзиниот назив, кој официјално ќе се користи во сите земји.

– Министерството за надворешни работи ќе побара од ОН да ги впише во регистрите правилните еквиваленти на името на земјата на официјалните јазици – Czechia на англиски, Tchequie на француски, итн, се вели во заедничкото соопштение на претседателот, премиерот, министерите за надворешни работи и за одбрана и претседателите на двата дома на Парламентот на Чешка.

– Препорачуваме името на земјата да се користи со еден збор во ситуации во кои не е потребно да се користи официјалниот назив, како на спортски настани, маркетинг собири и слично, се вели во изјавата.

Меѓутоа, се јавија и противници на употребата на кратката форма на името на Чешка, меѓу кои е и министерката за регионален развој Карла Шлехтова.

– Не се согласувам со името Чешка (Czechia). Не сакам да не мешаат со Чеченија (Chechnya), напиша Шлехтова на Твитер.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница