Драган Раца нов селектор на кошаркарската репрезентација

Од:

Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација попладнево го назначи 55 – годишниот српски тренер Драган Раца за нов селектор на нашата најдобра репрезентација. Раца ќе ги води црвено жолтите во квалификациите за Европскиот шампион во 2017 против селекциите на Луксембург, Унгарија и Велика Британија.

Раца својата тренерска кариера ја започнал во 2002 година на клупата на АЕЛ Лимасол од Кипар, потоа водел и екипи во првенствата на Либан и Кина. Неговиот последен ангажман е во кинескиот Чунгкинг флај драгонс, претходно бил тренер и на Ираклис, Олимпиас Патра, Апоел, Сагаза(Либан) и Гуангжоу.

Српскиот тренер досега бил и селектор на репрезентациите на Либан (2007-2009) и Кипар (2004-2005).

На стартот на тренерската кариера во 2002 година Раца е прогласен од страна на ФИБА за најдобар тренер почетник во Европа, а три години подоцна во 2005 година го добива и признанието најдобар тренер во клупските натпреварувања под капата на ФИБА.

Во 2007 година како селектор ја водел селекцијата на Либан до сребрениот медал на Првенството на Азија.

Драган Раца со МКФ потпиша две годишен договор до 2018 година , но втората година е условена со пласман на националниот тим на Евробаскетот во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос