(ОБНОВЕНО) Опозицијата против, власта го изгласа Законот за одговорност за клевета

Од:

Пратениците го изгласаа  дополнетиот предлог на Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

Законот нема поддршка од опозицијата.

Власта тврдеше дека со овој закон се заокружува процесот на декриминализација на клеветата и навредата и е во согласност со европските директиви и во контекст на слободата на изразување и на медиумите.

Опозицијата обвинуваше дека законот е лош и фашизоиден, вкупните глоби за новинарот, уредникот и сопственикот од 27.000 евра се превисоки и се воведува цензура и во делот на интернет медиумите со членот 11 од текстот.

Заменик-министерот за правда Билјана Бришкоски Бошкоски изјави дека основната цел на законот е да ја гарантира слободата на изразување и информирање, како еден од битните услови на демократското општество и основен двигател на развојот и напредокот во општеството.

Во законот е пропишана заштита на изворот на информации, одговорност на новинарот, уредникот и сопственикот, односно правното лице.

За опозицијата спорен е членот 11 од законот за, како што стои во предлог-текстот, одговорност на електронската публикација. Со овој член се предвидува уредникот на електронската публикација да презема одговорност, заедно со авторот, за надоместување на штетата која произлегува од овозможување пристап до навредливи или клеветнички информации.

Со овој член, велат, власта ќе се справува со своите неистомисленици на социјалните мрежи, а терминот уредник на електронска публикација не постои кај нас така што судиите нема да има кого да казнат, и ќе значи воведување цензура.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски