Полицијата насилно ги истурка демонстрантите од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ кон семафорите кај „Палома бјанка“. Позади кордонот се појави и возило со водени топови.
Пред полицијата се појави и лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов кој кажа дека имаат право да протестираат мирно и дека десетината маскирани кои вршат вандализам се пратени од ВМРО-ДПМНЕ и тие треба да ги уапсат.
Групата скандираше „Нема правда, нема мир“, а потоа се упати кон Влада.