(ВИДЕО) Протест: Ние не сме криминалци, претседателот е криминалец!

Од:

Ние не сме криминалци, криминалец е претседателот, порача од пред Собранието професорката Мирјана Најчевска.

– Криминалци се оние што ги крие и што ги штити, криминалци се судиите,
јавните обвинители, полицијата што застанува во одбрана на криминалците, а не тепа нас, станува криминална полиција. Ние не мамиме и не крадеме, тие крадат. Тие не молзат, ни го уништија минатото, ни ја одземаат иднината на нашите деца. Кога власта ќе го погази правото, имаме право да се буниме, ако не се побуниме тогаш не сме луѓе – тогаш сме овци.

Да се тргне креатурата од претседателското столче, да бидат судени и осудени сите криминалци од власт, затоа што се додека нема права, нема да има мир, рече Начевска.

Таа порача – Доста беше молење и понижување. Ние сме газди на ова зад нас Собрание. Имаме право да се буниме. Ова е наше, треба да се бориме за него.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите