Министерот Попоски во посета на Виетнам

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе престојува во официјална посета на Социјалистичка Република Виетнам, каде ќе се сретне со својот виетнамски колега, Фам Бин Мин.

На средбата се очекува да бидат разменети мислења за актуелните билатерални прашања од интерес на двете земји, како и за можностите за унапредување на билатералната соработка меѓу Македонија и Виетнам, со посебен акцент на економската соработка и трговската размена. Покрај тоа, ќе се разговара и за заокружување на договорната состојба, посебно во сферата на економијата.

Во  тек на престојот во Ханој, планирано е Попоски да биде примен од претседателот на Виетнам, Трунг Тан Санг, а ќе оствари одвоени средби и со високи претставници на министерствата за планирање и инвестиции и за индустрија и трговија. Ќе одржи и презентација во виетнамската Комора за трговија и индустрија за можностите на македонското стопанство, условите за водење бизнис, водечките индустриски сектори и приоритетите на националната економија во глобалните светски економски текови.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија