Инвеститори од Турција заинтересирани за хотели во Охрид

Од:

 Инвеститори од Турција се заинтересирани за градење нови и осовременување на постоечки хотели во охридско-струшкиот регион. 

Како што информира денеска претседателот на Туристичко-угостителската комора при Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) Аркан Керим, некои од нив веќе ја посетиле Македонија, а други најавиле доаѓање идниот месец.

– Минатата недела турски инвеститори посетија пет хотели во Охридско и со три веќе имаат писмо на намери. Се надеваме дека другата недела повторно ќе дојдат за поофицијални информации. Имаме најава дека следниот месец ќе дојдат и други инвеститори заинтерсирани за градење нови или реновирање на некои од постоечките, рече Керим на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања.

Би можело да ве интересира

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник