Студентите до Иванов: Поднеси оставка зашто си најголемо разочарување

Од:

На социјалните мрежи може да се потпише Петиција со која поранешните студенти на Ѓорге Иванов бараат тој да си поднесе оставка

„Ние, поранешните студенти на Правниот факултет “Јустинијан Први”, кои на предметите: Политички теории, Современи политички теории, Цивилно општество, па дури и Информатика, за професор го имавме Ѓорге Иванов, бараме истиот да поднесе оставка на функцијата Претседател на Република Македонија.

Ова наше барање е израз на разочарувањето кое го предизвика вчерашната одлука на Иванов, со општ акт да ги прекине сите кривични постапки против лица од власта и од опозицијата.
За нас, неговите поранешни студенти е срам што професорот од кого учевме за основите на политичките теории, и за важноста на цивилното општество, денес е човекот кој ги погази сите принципи за кои не учел и со својата одлука ја погреба демократијата и владеењето на правото во државата!

Професорот кој своето прво предавање на првиот час за сите студенти на политички науки, традиционално го започнуваше со реченицата: ‘Разликата меѓу политолог и политичар е како меѓу криминолог и криминалец’, со одлуката за аболиција, за жал, покажа дека тој всушност, никогаш не ја направил таа разлика“., се вели во текстот на Петицијата.

Би можело да ве интересира

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

A1on

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Во Ниш студентите пет часа блокираа пет мостови, тие бараат правда

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Независниот студентски сојуз го откажа утрешниот собир: Партиите да стојат на страна