ДС: Оставка од Ѓорге Иванов

Од:

„Претседателството на Демократскиот сојуз, вечерва одржа седница на која ги усвои следните ставови:

– Одлуката за аболиција донесена од страна на претседателот Ѓорге Иванов претставува своевиден државен удар врз Република Македонија долгорочно го загрози демократскиот развој, перспективите на државата и го урниса правниот поредок.

– Ѓорге Иванов го погази начелото на презумпција на невиност и со одлуката за аболиција ја потврди одговорноста и вината на сите што ги амнестира без да имаат можност својата евентуална невиност да ја докажат пред суд.

– Ѓорге Иванов со оваа одлука ја вовлече Македонија во хаос и вонредна состојба, со тешки последици по стабилноста на земјата и нормално одвивање на животот.

– Демократскиот сојуз ги повикува сите граѓани да се обединат, без разлика на нивната партиска, етничка, религиозна или друга припадност и да ја осудат постапката на Ѓорге Иванов.

– Демократскиот сојуз ги повикува граѓаните сите заедно да излеземе на масовни, но мирни демонстрации и да протестираме сé додека Ѓорге Иванов не поднесе оставка.

Демократскиот сојуз апелира граѓаните да не се конфронтираат меѓу себе и со полицијата.

– Демократскиот сојуз предлага да се одржи средба меѓу лидерите на сите парламентарни и вонпарламентарни партии, на која ќе утврди стратегија за излез од кризата.

– Демократскиот сојуз бара да се свика Парламентот и во текот на утрешниот ден да одржи вонредна седница, на која ќе започне постапка за импичмент на Ѓорге Иванов и да донесе одлука за суспендирање на одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија.

– Демократскиот сојуз инсистира Парламентот да избере експертска Влада со мандат да се справи со кризата и да ја одржи стабилноста во Република Македонија“, се вели во соопштението на ДС.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски