„Денешната одлука на Претседателот на Македонија за помилување на сите политичари кои се под истрага или над кои веќе е покрената постапка од Специјалното обвинителство, претставува уривање на целиот државен поредок и на правната држава, како и градење на шема на паралелни институции. Ова пандорина кутија, која денес му овозможува секому да направи што сака, освен што ги охрабрува криминалците, создава и поинакви стандарди кои во иднина ќе ги фаворизираат криминалците и тие кои тежнеат да ги злоупотребат институциите. Снаоѓајќи се во ваква ситуација, БЕСА констатира дека со денешниот чин е ставен крај правната држава, а и последната институција, која требаше да го брани државниот интерес, сега е ставена во одбрана на криминалците, сето ова само заради нивната партиска определба“, рече Претседателот на Движење БЕСА, Билал Касами.
„На овој начин уште еднаш се потврди нашето убедување дека Македонија е докрај партизирана држава и дека тука ништо не вреди, освен интересите на партиите на власт. По уривање и на институцијата Претседател на Македонија, Движењето БЕСА како единствена опција ја гледа можноста за посериозна интервенција од меѓународниот фактор, бидејќи овие несериозни и неодговорни луѓе не покажуваат способност за одржување држава. Сето тоа би налагало РЕДЕФИНИРАЊЕ на Македонија, со што би се оневозможило на било која партија во било каква ситуација да не може да ги злоупотреби државните институции.
На крај ги повторуваме и две познати вистини: прво, овој претседател прави невиден преседан, иако се смета себеси за професор по право и, второ, уште полошо за нас Албанците, овој „татко на нацијата“ се избра тогаш кога „верниот партнер“ на ВМРО-ДПМНЕ го намали потребниот цензус за избор на првиот човек на државата од 50% на 40%, а – дотолку повеќе – вториот мандат на Иванов му беше подарен токму од ДУИ, кога таа партија ги побара претседателските изборите во истиот датум со локалните избори. Затоа, „што ќе си посееш, тоа ќе си жнееш“, изјави Билал Касами.