„Национална Демократска Преродба изјавува дека одлуката на претседателот на државата за целосна аболиција врз криминалот и корупцијата на политичарите што е почнато истражување или треба да се почне во иднина, па и судска постапка, од страна на Специјалното Јавно Обвинителство или Јавното Обвинителство, е кулминација на абсурдноста на функционирање или нефункционирање на државата во целост. Според НДП, ова одлука на претседателот на државата е уште еден дополнителен аргумент дека во ова држава деструктивните сили се при крај на целосно уништување на државата.
НДП изјавува дека последната одлука на претседателот на државата става крај на Договорот од Пржино, имајќи предвид дека се работи за целосно укинување на Специјалното Јавно Обвинителство, што е најважниот дел на Пржинскиот Договор. Во исто време, ова одлука на претседателот на државата не само шти ги амнестира политичарите каде се уште не е почнато судски процес, што по авоматизам подразбира прифаќање дека овие луѓе имаат извршено криминално дело, но во исто време става крај на владеење на правото во земјата. Овој крај на владеење на правото во земјата ќе предизвикува големи последици за земјата и општеството во целост.
Според НДП, ова одлука на претседателот на државата во ниту еден момент не е во интерес на државата, туку е целосно во спротивно на интересите на државата. Крајот на владеење на правото и на институциите на државата од страна на претседателот на државата никокаш не можат да бидаат во интерес на државата. НДП бара итна интервенција на меѓународната заедница, особено американската, за враќање на владеењо на правото во земјата бидејќи во спротивно последиците ќе бидаат незамисливи за земјата и регионот во целина.
Враќањето на владеењо на правото и зајакнување на институции на државата е заедничка обврска, вклучувајќи ја и меѓународната заедница, бидејќи ова заедница има инвестирано премногу во владеењо на правото и стабилноста на државата. Земјата и регионот имаат потреба за унификација на сите прогресивни сили против деструктивните сили што имаат уништено се што претставува западна вредност во земјата и регионот, доколку не е касно, бидејќи во спротивно цената ќе биде превисока за сите“, соопштуваат од НДП.