Италијанскиот министер за надворешни работи пристигна во посета на Либија

Од:

Италијанскиот министер за надворешни работи Паоло Џентилони пристигна денеска во посета на Триполи.

Ова е прва посета на западен висок функционер на либискиот главен град од судирите во летото 2014 година.

Џентилони пристигна на летиштето Митига со специјален лет и беше печекан од вицепремиерот на Владата на национално единство Ахмад Мејтиг.

Италијанскиот министер за надворешни работи се сретна со премиерот на либиската Влда на национално единство Фајез Сараџ.

– Одлучни сме да ја поддржиме новата Влада и претседателскиот Совет, рече Џентилони по разговорот со Сараџ

Италијанскиот министер за надворешни работи изјави дека многу негови колеги исто така ќе ја посетат Либија во блиска иднина.

Џентилони посочи дека првата негова порака за време на посетата, која ќе ја пренесат и неговите колеги е дека либиската Влада и народот треба да ги раководат активностите против Исламска држава.

– Западот е подготвен да соработува со либискиот народ и Владата, додаде тој.

Италијанскиот министер за надворешни работи изјави и дека се разгледува прашањето за повторно отварање на западните дипломатски мисии во Триполи.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски