Спутњик – Москва
Државјаните на САД не се појавуваат во т.н. „Панамски документи‟ затоа што оф-шор компаниите преферираат други држави, пишува новинарот на весникот „Политико‟, Дени Виник.
Според информациите од листата, само во 2014 година од САД преку оф-шор компании се повлечени 1,2 трилиони долари.
Даночните експерти сметаат дека причината за тоа треба да се бара во промената на глобалната финансиска политика и сопствениот вкус. Кога богатите Американци сакаат да избегнат плаќање на данок, тие не гледаат во Панама, туку ги преферираат на Бермудските и Кајманските острови.
Можно е во „Панамските документи‟ да се појавеа американски презимиња ако скандалот избиеше во 80-те години, наведува весникот. Но, по инвазијата на САД на Панама во 1989 година, популарноста на оваа држава нагло опаднала.
Потоа, откако Бермудските, Кајманските и Британските Девиствени Острови ги променија своите закони за да привлечат повеќе инвестиции, тие се покажаа поповолни од Панама. Освен тоа, тие територии делуваат во рамки на англиското право, што овозможува на американските правници да се чувстуваат побезбедно.
Своите средства Американците сакаат да ги префрлуваат во држави во кои се зборува англиски, додека во Панама се говори шпански.
И на крај, Американците не веруваат во стабилноста на панамскиот политички режим.
Минатата година економистот Габриел Зукман пресмета дека на компјутерите во оф-шор компаниите се наоѓаат осум отсто од светските финансии. Тој проблемот со американскиот оф-шор го оцени како „многу скромен‟, со само четири отсто од американските финансии кои се наоѓаат во оф-шор фирми.
Се работи за тоа дека најбезбедно и најстабилно место за криење на американските активи се самите САД, пишува „Политико‟.
Зукман изјави дека не е премногу возбуден што во „Панамските документи‟ нема Американци.
Една од причините за тоа е што за жал, многу е лесно да се основаат лажни, анонимни компании во некои држави во САД, како што се Делавер или Невада, така што нема потреба да се оди во Панама.
Дени Виник наведе и дека не биле зачудени ни експертите кои ги прашала за мислење.
Во весникот „Зидојче цајтунг‟ не исклучуваат дека подоцна можат да се појават нови имиња. На прашањето за отсуството на Американците во документите, уредникот интересно одговори: „Чекајте да видите што ќе се случи понатаму‟, наведе весникот.
Германскиот весник „Зидојче цајтунг‟ соопшти дека поседува документи од панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека‟, кои според него, докажуваат учество на многу светски лидери и нивни соработници во шемите за перење на пари и затајување на данок.
Информациите кои протекоа ја покриваат активноста на компанијата „Мосак Фонсека‟ во периодот од 1970 до пролетта 2016 година.