Австрија ќе ја зајакне контролата на границата со Италија најдоцна до 1 јуни

Од:

Австрија ќе воведе построга контрола на пунктот Бренер на границата со Италија најдоцна до 1 јуни, како дел од се поцврстиот одговор на миграциската криза во ЕУ, изјави денеска министерот за одбрана Ханс Петер Доскоцил.

По затегањето на граничната контрола по балканската маршрута Австрија очекува бројот на мигрантите, кои пристигнуваат во Италија по морски пат, да се зголеми речиси двојно годинава, достигнувајќи 300.000.

Запрашан дали Австрија планира да изгради ограда на границата, Доскоцил рече дека главното прашање е „да се воведе системот за управување на границата како тој во Шпилфелд“ на австриско-словенечката граница.

Според него, конкретниот датум за воведување построга контрола на пунктот, што има важно значење за движењето во насока север-југ во Европа, ќе зависи од бројот на мигрантите и напредокот на изградба на нов граничен контролен центар.

Би можело да ве интересира

Малолетничка од Црна Гора сакала да изврши напад во Грац

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим