Сино – белиот фустан што актерката Џуди Гарланд го носеше во класикот „Волшебникот од Оз“ од 1939 година е продаден на аукција за 480 илјади долари.
На истата аукција, која е одржана вчера на Беверли Хилс, во организација на аукциската куќа Џулијенс, парче торта од венчавката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон е купено за 1.375 долари.
Меѓу предметите кои биле понудени на лицитацијата се и зелениот фустан со цветен дезен кој Џули Ендруз го носеше во популарниот мјузикл „Моите песни, мои соништа“ што е продаден за 38 илјади долари.
Јакната која му припаѓала не Стив Меквин е продадена за 50 илјади долари, а исто толку било понудено и за волнената пурпурна сукња што Мерлин Монро ја носела во 1954 година во Канада за време на снимањето на филмот „Река без враќање“.