Ќе предизвика ли социјални промени обелоденувањето на „Панамските документи“?

Од:

Гардијан – Лондон

Теоријата дека истекувањето на информации е ефикасна форма на социјален протест е поставена пред испитување како никогаш досега. Тоа може да доведе до најголема криза за капитализмот досега.

Од активистичка гледна точка значењето на „Панамските документи“ оди подалеку од потврдувањето на тоа кое 99-проценти одамна го претпоставуваа. Да, ова џиновско истекување на информации дава повеќе несоборливи докази од секогаш дека мнозинството во светската политичка елита – Едниот процент – веројатно заслужуваат да се во затвор (додека си ги плаќаат доспеаните даноци), а не да управуваат со нашиов свет. Но тоа за многу луѓе не е изненадувачка новост. Вистинското значење на „Панамските документи“ е што значи масовното истекување на информацијите за можноста од социјална промена.

„Панамските документи“ се навршување на полнолетството на „ликстивизмот“. Тоа е активистичка теорија поддржана од Викиликс дека обзнанувањето на точна информација е ефикасна форма на социјален протест. Тоа, се разбира, не е нова идеја – „ќе ја дознаете вистината и вистината ќе ве направи послободен“ (Јован, 8:23) – но со подемот на светските активистички свиркачи, како Џулијан Асанж, Челзи Манинг и Едуард Сноуден, „лајктувањето“ се претвори во се попопуларна тактика на современиот активизам.

Тоа е уникатна можност да се испита ефикасноста на ликстивизмот. Може да се каже дека „Панамските документи“ се совршено лајкање. На прво место, обемот е величенствен: документи стари повеќе од 40 години, 11,5 милиони фајлови и 2,6 терабајти информации од четвртата по големина офшор адвокатска фирма во светот. Второ, „Панамските документи“ се подложени на дисекција со посредство на историската соработка помеѓу стотици амбициозни меѓународни новинари кои со години тајно работат. Тоа е глобалното професионализирање на ликстивизмот. Деновите на аматеризмот на Викиликс се завршени.

Па, ќе доведат ли „Панамските документи“ до позитивни социјални промени?

Јасно е дека тие имаат потенцијал да инспирираат улични протести. На Исланд, премиерот Давид Гундаугсон, кој заедно со сопругата беше спомант во документите, веќе беше принуден да си поднесе оставка, откако над 10,000 гневни демонстранти се собраа пред парламентот. А ако се има во предвид дека документите содржат информации за 143 политичари, меѓу кои се и рускиот претседател, пакистанскиот премиер, украинскиот претседател, аргентинскиот претседател, саудискиот крал, шестмина членови на британскиот Дом на лордовите, осум семејства поврзани со врховниот управувачки орган во Кина, и десетици бразилци, постои причина да се смета дека масовните демонстрации ќе опфаат уште многу земји.

Непосредната последица од „Панамските документи“ може да биде дестабилизираното дејство кое ќе влијае на влади низ целиот свет. Како што се изрази Рана Фурухар во редакциската статија во весникот Тајм, „Панамските документи може да ја предизвикаат досега најтешката криза на капитализмот“.

Но постои фундаментална разлика меѓу криза и социјална промена. Кризата во краен случај е составен дел од природата на капитализмот. Оставките на грст политичари може да ослободи малку пари, но не се решаа суштинскиот проблем: светот е лошо управуван од лицемерниот Еден процент.

Така што ајде за миг да размислиме покритички пред да хукнеме и да им се приклучиме на луѓето кои сметаат дека големото истекување на информации и големи протести несопирливо ќе доведат до голема промена.

Сепак, не треба ли да сме заситени или барем малку скептичи кон потенцијалот на ликстивизмот дека ќе го смени светот? Зарем не сме гледале како големи огромни истекувања на информации од Викиликс и Едуард Сноуден минуваат и си заминуваат, без да го променат статусквото? Не сме ги гледале како богатите и моќните си ги зачувуваат своите места, откако оние кои протесираа во 82 држави и ги окупираа финансиските квартови во 2011 година со барањето „извадете ги парите од политиката““? Да, да и да.

Научената лекција која ќе ја извлечеме од тие претходни неуспеси не е дека треба да се откажеме или да сопреме да протестираме, туку дека луѓето треба да применат поинакви сценарија на активизмот и протестите. Еве како би можело тоа да изгледа:

Прекрасното во „Панамските документи“ е што нивното истекување покажува прилично јасно дека луѓето во секоја држава се исправени преде еден и ист глобализиран ѓавол. Нема никакво значење дали живеете во Велика Британија, Бразил, Русија или Пакистан. Вистината е дека најбогатите ги користат своите богатства за да ја зачуваат својата контрола над власта, додека истовремено се кријат од инкасаторите.

Фундаменталниот проблем кој „Панамските документи“ го вадат на јаве е прашањето за глобалното управување: на власт на неподобни луѓе. Единственоот начин на кој 99-те проценти ќе го решат тој посуштински проблем е да се појави социјално движење кое е подготвено да ги користи протестите за добивање на избори во повеќето земји, да ја преземе власта и да управува со светот. Обелоденувањето на „Панамските документи“ ќе биде успешно ако не придвижи уште еден чекор поблиску со постигнувањето на таа висока цел.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

Силен земјотрес во Панама

Ана Ололовска

Двајца поранешни претседатели на Панама повикани на судење поради корупција

Ана Ололовска

Силен земјотрес ја погоди Панама, епицентарот 62 километри од брегот на Тихиот Океан

Панамскиот претседател соопшти дека му е дијагностицирана ретка болест на крвта

Ана Ололовска

Умерен земјотрес ја погоди Панама

Ана Ололовска