Пет милиони евра бараат роднините на удавените Бугари во Охрид

Од:

Солидна финансиска компензација бараат роднините на удавените Бугари од бродот “Илинден” во Охрид. Тие  покренаа граѓанска тужба за 5 милиони евра (10, 5 милиони лева) соопштија адвокатите ангажирани од роднините на удавените за бугарската агенција БТА. 15-те Бугари загинаа при потонувањето на бродот “Илинден” пред три години во Охридското Езеро.

Барањето е против осигурителните компании “Алијанс Ферзихерунг” и “Германишер Лојд”. За материјалните штети дел од роднините сакаат уште околу 35 илјади евра (70. 000 лева).

Во побарувања поднесено пред Софискиот окружен суд се запишани и параметрите на бродот “Илинден” кој потонал на 5 септември 2009 година. Според нив, капацитетот на пловилото во моментот на инцидентот било 35 лица, а при потонувањето имало 53-ца патници.

Според Договорот за правна помош меѓу Бугарија и Македонија од 2002 година земјата ги признава  граѓанските пресуди на македонски судови.

Адвокатот на роднините на загинатите побарал од Софискиот окружен суд да назначи експертиза која ќе и се додели на Агенција “Морска администрација”, која треба да прецизира каква е причината и кој ја сноси одговорноста за потонувањето на бродот.

Досега роднините добиле по 4 500 евра за претрпените стравови.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, сите што не мислат како него ги нарекува „талог“

Милошоски: Нашето востание не се пушката и Црешовото топче, туку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитуваат одговорни поколенија

А1он

Сиљановска-Давкова: Државата се чува со вложување во младите – никој нема право да ја ревидира нашата национална историја

А1он

Левица: Во изминатите три децении и СДСМ и ДПМНЕ постепено ја испразнија и обезличија асномската идеја

А1он

Сиљановска-Давкова по повод 2 Август – Илинден: Каква Република ќе им оставиме на нашите деца и внуци?

А1он

Македонија го одбележува Илинден

А1он