Тајландските власти побараа дипломатијата на САД посериозно да ги анализира работите во други држави

Од:

Портпаролот на тајландската влада Сансерн Каевкамнерд ја обвини американската дипломатија дека не ја проучува суштината на политичките настани во другите држави и дава неосновани изјави, како да се работи за невладина организација.

Таквиот официјален коментар на Тајланд уследи по вчерашната изјава на портпаролот на Стејт Департментот за Источна Азија и Пацифик Катина Адамс, која изјави дека пренесувањето на дел од полициските надлежности на армијата ја загрозува демократијата во Тајланд.

Тајландските власти минатата недела донесоа одлука според која и офицери, со повисок чин од поручник, можат да приведуваат лица осомничени за криминал или антидржавни активности. На оваа одлука остро реагираа шест меѓународни невладиниорганизации, вклучително и Хјуман Рајтс Воч и Амнести Интернешенел.

Стеј Департментот третпат е мета на отворени критики од страна на тајландските воени власти по пучот извршен во мај 2014 година. Два пати американскиот амбасадор требаше да се извинува поради „преострите оценки“ за текот на воспоставување ред и мир во Тајланд.

Портпаролот Сансерн изјави дека и премиерот, генералот Прајут Кан-ока бил загрижен поради недоволно сериозните испитувања на вистината од страна на САД пред да се даваат оценки и коментари Прајут порачува американските дипломати, во најмала рака, да побараат иформации од тајландските дипломати во Вашингтон и Њујорк.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач