Објектот изгледа како погоден од некоја просторно временска катастрофа, но од друга страна скромната и минималистичка куќа е исполнета со празнини од чуден облик, кои го спојуваат просторот во ентериерот и овозможуваат осветлување на екстериерот.
Куќата дело на Јусуке Карасаве на прв поглед делува нормално со основната структура на коцка на сите страни, опкружена со дрвени приоди, се додека не почнете да ги забележувате чудните прозорци кои го привлекуваат погледот во внатрешноста на објектот.
Меѓу просториите се наоѓаа необична геометрија и неочекувани, врамени погледи, кои се формирани како помеѓу собите, така и кон надворешниот пејзаж.
Благодарение на визуелната интервенција постојат безброј нови начини на кои може да се гледа на овој дом.
Едноставните дрвени подови го насочуваат вниманието на белите ѕидови и тавани, вратите и скалите, додека сите заедно имаат улога на позадина во натприродната меѓусебна комбинација на цврсти елементи и геометриски празнини.