Најмалку седум кениски полицајци се убиени во заседа, а 20 се ранети, на северот на земјата, каде биле упатени за да разрешат еден спор околу украдена стока, соопшти полицијата.
Полициската единица тргнала во потрага по украдената стока, но наишла на заседа. Седуммина полицајци загинале, а мртви имало и меѓу напаѓачите.