Заев: Придружете се во битката за достоиствен живот и слободна Македонија

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за Меѓународниот Ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Македонија:

„Го честитам Меѓународниот ден на Ромите на сите припадници на ромската заедница во Република Македонија, во име на Социјалдемократскиот сојуз и во мое лично име.

Овој ден на Ромите каде и да живеат во светот е потсетување на цивилизациските придобивки и поттик за натамошен развој.

Ромите во Македонија се рамноправни граѓани во оваа земја и државата има обврска да ги обезбеди и штити нивните права.

Во земјава, последниве 10 години се загрозени и погазени основните човекови права и слободи без разлика на различноста на граѓаните по каква било основа.

Секако целата јавност е сведок како тоа несовесно и насилно владеење на малата група на власт, посебно брутално и безобразно се рефлектирало врз нарушување и на правата на граѓаните Роми.

Населението со висок праг на сиромаштија, кое живее во нехумани и потценувачки услови во 21-от век, трпело невидени притисоци, уцени, закани, влечења “за уши“, директно од власта којашто по закон има должност да им обезбеди егзистенција, образование, здравство, социјална заштитита и на Ромите како и на сите други граѓани.

Ве охрабрувам и ве повикувам почитувани сограѓани Роми, да ги кренете главите, да застанете цврсто и одважно, да се придружите, за себе, за своите деца, за своите семејства, во редовите на оваа историска битка за слободна Македонија и достоинствен живот.

Сите ние кои живееме во оваа држава, независно на која националност припаѓаме, имаме право на рамноправен, среќен, спокоен живот. Но имаме и одговорност да се спротивставиме на неправдите и да ја вратиме Македонија на вистинскиот, демократски пат.

Законите и Уставот во оваа држава мора да се почитуваат и ќе се почитуваат. Тоа сите заедно ќе го постигнеме“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on