Бејли и Орав: Останува многу работа за кредибилни избори

Од:

Амбасадите на САД и ЕУ со заедничка изјава се огласија за политичката криза во земјава,а во која напоменуваат дека има извесен прогрес но потребно е уште многу работа за прочистување на избирачкиот список и фер медиумско покривање.

“Политичките лидери на оваа земја имаат одговорност пред своите граѓани да ја вратат земјата назад на евроатлантскиот пат преку спроведување на нивните политички договори и на итните реформски приоритети.

ЕУ и САД ги поддржуваат сите партии и другите учесници во процесот во нивната работа за создавање на услови за кредибилни избори. Ова подразбира прочистување на Избирачкиот список, спречување на било каква форма на заплашување или притисок врз гласачите, и обезбедување на фер медиумско покривање. Извесен прогрес е направен на овие полиња, но останува уште многу работа. Тоа е одговорност, не само на државните институции да подготват кредибилни избори, туку и на политичките партии. На 6 април се пропушти таква можност.

Заедно со другите меѓународни партнери, ЕУ и САД ќе продолжат да го поддржуваат демократскиот развој, што ги вклучува и изборите и ја поздравуваат работата на Државната изборна комисија, како и напорите на граѓанското општество во унапредување на оваа цел. Ние одблиску ќе ги следиме случувањата и ќе продолжиме да ги споделуваме своите гледишта“ пишува во заедничката изјава на амбасадорите Орав и Бејли.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226