Шпанските екипи на Реал Мадрид и Барселона обезбедија пласман во плејотот, односно четвртфинлето на кошаркарската Евролига.
Актуелниот европски првак во директен дуел го победи тимот на Химки со што обезбеди пласман меѓу осумте најдобри. А, таму место ќе има и за Барселона која на гостувањето во Каунас го победи Жалгирис. Претходно пласман од Ф групата во четвртфиналето обезбедија и екипите на ЦСКА Москва и Лаборал.
Германскиот првак Бросе Баскет со победата над Каха Лаборал и заврши работа на белградска Црвена Ѕвезда која е последниот патник меѓу осумте најдобри од Е групата, од која во четвртфиналето ќе играат и: Фенербахче, Локомотив Кубан и Панатинаикос.
Резултати од синоќешните натпревари од Евролигата: Жалгирис – Барселона 59-66, Анадолу Ефес – Панатинаикос 91-86, Бросе – Каха 89-69 и Реал Мадрид – Химки 83-70.
Денеска на програмата се последните четири средби од групната фаза, а двојките се: Цедевита – Црвена Ѕвезда, Дарушафака – Локомотив Кубан, Олимпијакос – ЦСКА Москва и Уникаха – Фенербахче.