Македонска икона поставена во црквата во Назарет

Од:

Од денеска во базиликата на Свето Благовештение во Назарет во Израел се наоѓа икона со ликот на Пресвета Богородица, како спомен-обележје од Република Македонија.

Како што информира Министерството за култура, иконата ја постави македонската делегација предводена од заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ и амбасадорот на Македонија во Државата Израел Пајо Авировиќ.

Иконата, во форма на мозаик е поставена во просторот каде се наоѓаат спомен-обележја од речиси сите држави во светот, православни и католички.

На иконата е претставена реплика од познатата икона од манастирот во Зрзе, „Св.Богородица пелагониста“.

Иницијативата за поставувањето на ова спомен-обележје е на Туристичката комора на Македонија, а за поставувањето на иконата мозаик, согласност и благослов даде и Македонската православна црква, преку Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан.

Македонската делегација утре во најголемиот музеј на холокаустот ќе положи цвеќе во спомен на жртвите од холокаустот.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите