Јавниот обвинителот на Женева денеска соопшти дека започнал истрага во врска со „Панамските документи“, кои открија користење на офшор сметки, меѓу кои и на голем број фирми основани од женевски правници и финансиски институции.
– Одлучивме да започнеме процедура во рамки на аферата „Панамски документи“, но не можам да коментирам повеќе, изјави на прес-конференција Јавниот обвинител на Женева, Оливие Жорно.