НДП: Избори без решенија – крај за демократијата во земјата

Од:

„Национална Демократска Преродба во континуитет имаше непоколебен став во врска со организирање на парламентарни избори, дека избори може да има само по решавање на најзначајните проблеми и затоа оваа максима продолжува да биде непоколебена и по едностраното распуштање на парламентот. Национална Демократска Преродба нема да учествува на изборите на 5-ти јуни се додека не се најде решеније за нормално функционирање на државата.

НДП во континуитет има изјавено дека изборите во ниту еден момент не може да доведат до решенија, без разлика што режимот на ВМРО-ДУИ, и на други аналисти, мислаат дека изборите се решеније. Ставот дека изборите не нудаат решеније се аргументира со фактот дека само во последната деценија се организираа еден куп предверемени избори, но до ден денес граѓаните на оваа земја не видоа решенија за државата.

Национална Демократска Преродба држи став дека земјата има потреба од ургентни решенија за круциалните проблеми. Имајќи во предвид дека во земјата постоји вистински хаос во прочистувањето на изборната листа, реформите во медиумите, како и тотално запоставување на извештајот на Прибе, тогаш е јасно дека земјата е далеку од демократски избори. Ако на ова и додаваме дека институциите во земјата се пред  целосно уништување од невиден недостаток на владеењето на правото, тогаш едностраните избори на 5-ти јуни ќе бидат само погребување на демократијата. Земјата, повеќе од се има потреба од ургетно зајакнување на институциите и враќање на владеење на правото,во спротивно последиците ќе бидат драматични за државата и општеството во целина“, соопштуваат од НДП.

Би можело да ве интересира

Тимоние на средба со Весел Мемеди во НДП, разговарано за причините за неучество на изборите

Ландов

НДП нема да учествува на изборите поради неуспехот на албанската опозиција да формира свој блок

А1он

НДП избра ново раководство

Ана Ололовска

Заврши вториот Конгрес на НДП, Весел Мемеди избран за претседател

Ана Ололовска

НДП го поддржува консензуалниот кандидат

Ана Ололовска

Мемеди: Време е правдата да зборува

Ана Ололовска