Најмалку двајца загинаа, а повеќемина се повредени во силната експлозија која се случи доцна синоќа на југот на Индијанополис.
Две куќи експлодираа, а пламенот предизвика пожар на најмалку уште две куќи и оштетија 18 објекти. Сеуште не е познато што ја предизвика експлозијата.
„Пламенот зафати повеќе куќи. Дури и полицијата кога стигна на местото на несреќата во прв момент не беше сигурна што се случува. Сцената која ја затекнавме беше надвор од реалноста, дури и за нас“, рече Марион коунти, шеф на полицијата за таа област.
Според американските медиуми, околу 200 жители се евакуирани.
Пожарникарите после час и половина успеаа да го изгаснат пожарот, но потрагата за можни жртви сеуште трае, иако не се знае дали има исчезнати.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=6_gSMYPkviw