Панама формира комисија за испитување на финансиската пракса

Од:

Претседателот на Панама, Хуан Карлос Варела најави дека Владата ќе формира независна комисија за испитување на финансиската пракса на земјата, откако во јавноста истекоа информации на панамската адвокатска фирма „Мосак Фонеска“ со имињата на светски лидери и познати личности, кои криеле пари во „даночните раеви“.

– Панамската Влада преку нашето Министерство за надворешни работи ќе формира независна комисија од домашни и меѓународни експерти за да ја процени нашата сегашна пракса и да предложи усвојување мерки, кои ќе ги поделиме со другите земји заради зајакнување на транспарентноста на финансиските и правните системи, изјави Варела.

„Панамските документи“ покажуваат дека повеќе од 500 банки, нивните филијали и експозитури регистрирале речиси 15.600 офшор компании преку фирмата „Мосак Фонекс“, а најголем дел од нив се формирани од 1990 година, се наведува на сајтот на Меѓународниот конзорциум на истражувачките новинари.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

Силен земјотрес во Панама

Ана Ололовска

Двајца поранешни претседатели на Панама повикани на судење поради корупција

Ана Ололовска

Силен земјотрес ја погоди Панама, епицентарот 62 километри од брегот на Тихиот Океан

Панамскиот претседател соопшти дека му е дијагностицирана ретка болест на крвта

Ана Ололовска

Умерен земјотрес ја погоди Панама

Ана Ололовска