(ВИДЕО) Гарет: Доколку изборите се спроведат правилно тоа ќе претставува исчекор од политичката криза

Од:

Минатата есен британската амбасада идентификува области во кои што британското стручно знаење и искуство би можеле денотворно да и дадат поддршка на Македонија во нејзината работа на идните реформски приоритети, рече британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет.

-Медиумскиот сектор беше наш приорен фокус, како што сите знаеме тој претствавува дел од оние темели на демократијата. Тој наоѓа своевидно место во итните реформски приоритети и беше јасно дека во рамките на Обединетото Кралство постојат лица поединци и институции кои што би можеле да бидат ефективни партнери на Македонија, вели Гарет.

Според амбасадорот Гарет, еден од резултатите на овој процес е изработката на овие принципи за МРТВ за медиумско покривање на изборната кампања.

-Ги воведовме овие упатства пред 2 месеци, тогаш како и денес сме сигурни дека се додека се придржуваме до овие упатства тие ќе дадат значителен придонес кон демократската сила на претстојните избори.

Амбасадорот Гарет истакна дека упатствата претставуваат производ на речиси 6 месечна напорна работа и голема соработка помеѓу Медиа екшн тимот на ББС, МРТВ, Етичкиот совет за медиуми, Агенцијата за медиумите, експертите и новинарите поддржани од Македонскиот институт за медиуми и други.

За амбасадорот, изборите оваа година сносат голем интерес и терет, доколку се спроведат правилно како што треба тие ќе претставуваат значаен исчекор од хроничната политичка криза во Македонија.

-За да се спроведат добро, важно е медиумскиот сектор да ја исполни својата одговорност како демократска институција, урамнотежено известување, непристрасно и независно медиумско известување преставуваат главните состојки на фер и слободни избори, но со датумот на изборите кој се наоѓа на 60 дена од денешниот датум е нешто што ни претставува предизвик, рече британскиот амбасадор додавајќи дека вкупната урамнотеженост во медиумското известување не е нешто што зависи само од политичките лидери, туку и од медиумските куќи кои можат и самите да го постигнат одбирајќи да ги применуваат правилата и принципите што се веќе во сила.

Британскиот амбасадор истакна дека централната цел на овие упатсва и принципи е да се помогне на МРТВ да го сторат тоа и да зајакне нивниот капацитет за професионално и урамнотежено известување во текот на изборите. Доколку верно се применуваат тие ќе придонесат кон пошироко разбирање кај политичките играчи вклучително и кај политичките партии за тоа што тие можат да очекуваат од МРТВ. Со тоа на МРТВ нема да му се овозможи само да покаже поголем степен на професионалност туку и ќе се заштитат од несоодветно политичко влијание.

-Во Македонија како и во секоја друга демократска земја сите радиодифузери имаат потреба да ја одиграат својата улога како едно јавно тело. Тие мора да им одолеат на притисоците да функционираат како портпароли на една или друга политичка партија, рече Гарет.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение