Новиот министер за животна средина и просторно планирање Башким Амети денеска и официјално ја презеде функцијата од својот претходник, Нурхан Изаири.
Амети истакна дека во фокусот на неговата работа ќе биде спроведувањето на Програмата на Владата и реализирањето на предвидените проекти.
Досегашниот министер Изаири му посака успешна работа на новоименуваниот министер, Башким Амети.